недела, септември 20, 2026
Дома СВЕТ Голем украински напад со дронови врз московскиот регион: Најмалку две лица загинаа,...

Голем украински напад со дронови врз московскиот регион: Најмалку две лица загинаа, предизвикани пожари во неколку станбени згради, гори клучна рафинерија/видео

0
Фото:принтскрин, видео „Икс“

Најмалку две лица загинаа, а шестмина се повредени во голем украински напад со дронови врз московскиот регион во текот на ноќта, изјави гувернерот Андреј Воробјов. Воробјов додаде дека биле соборени 249 дронови и дека избувнале пожари во неколку станбени згради. Исто така, се запалил и еден локален магацин.

 

Во главниот град Москва е оштетена рафинерија за нафта, а воведени се ограничувања за летови на два аеродрома.

Во објава на „Телеграм“, Воробјов наведе дека 44-годишна жена загинала во местото Софино кога дрон удрил во трикатна зграда, а повредени се уште пет лица – меѓу кои и две деца – пренесува „Би-би-си“.

Во областа Орехово-Зујево, постар маж загинал кога бил погоден приватен дом, соопшти регионалниот гувернер.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат експлозии на ноќното небо над московскиот регион и запален магацин.

„Би-би-си“ наведе дека не може независно да ги потврди овие видеа.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека дрон удрил во зграда во близина на еден од булеварите во главниот град и дека е оштетен објект во рафинерија за нафта. Тој претходно изјави дека биле соборени 152 дрона кои се движеле кон Москва.

Најголемиот московски аеродром, Шереметјево, ги предупреди патниците дека се во сила привремени ограничувања, додека на аеродромот Внуково се запрени сите пристигнувања и заминувања.

Претходно, еден украински функционер изјави дека седум лица, меѓу кои и две деца, загинале во саботата во руски напади врз Киев и регионот Суми, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ