Во периодот од 18 до 19 септември, до 07:30 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, три пожари се активни, два се под контрола, а 15 се изгаснати.
Активни се пожарите во:
Кривогаштани, на релација с. Подвис – с. Кривогаштани, каде гори ниска вегетација;
Ресен, во с. Евла, каде гори ѓубре и ниска вегетација;
Куманово, во с. Пчиња, каде гори ѓубре и ниска вегетација.
Под контрола се два пожари. Едниот е на подрачјето на Македонски Брод и Сопиште, кај с. Белица, во месноста Кајорец, со проширување кон Јасен, каде е зафатена нискостеблеста и мешана шума. Вториот е во Општина Ново Село, кај с. Бадилен, каде гори шума.
Во изминатото деноноќие се изгаснати 15 пожари, меѓу кои и пожари на подрачјето на Скопје, Битола, Дебар, Штип, Карбинци, Виница, Берово, Куманово, Ранковце и Тетово.
ЦУК продолжува да ја следи состојбата и да ги координира активностите со надлежните служби.












