Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство во Романија, Турција, Полска, Чешка и Словачка, иако загуби на гостувањето кај Словенија со 27:18.
Но и со овој пораз Македонија се најде меѓу најдобрите четири третопласирани од шесте квалификациски групи, па ќе игра третпат по ред на континенталните шампионати или вкупно осми пат по ред. Покрај Македонија, од третото место во своите групи на ЕП се пласираа уште Исланд, Украина и Грција.
Ждрепката за групите на ЕП ќе се одржи наредната недела, кога освен групата ќе биде познато и во која држава ќе игра Македонија.
По три гола за македонскиот состав дадоа сестрите Јанкуловски и Гакидова, а убедливо најдобра наша ракометарка на оваа средба беше голманката Илиќ, која успеа да запише 14 одбрани.












