петок, октомври 23, 2026
Дома СПОРТ Мбапе го напушта Реал (М) на лето, а се знае и каде...

Мбапе го напушта Реал (М) на лето, а се знае и каде оди!

0
epa11845602 Real Madrid's Kylian Mbappe in action during the UEFA Champions League soccer match between Real Madrid and RB Salzburg, in Madrid, Spain, 22 January 2025. EPA-EFE/JuanJo Martin

Килијан Мбапе би можел да биде главна ѕвезда во еден од најголемите трансфери во последните години ако се остварат најновите тврдења што доаѓаат од Шпанија.

Франсоа Гаљардо, контроверзен шпански фудбалски аналитичар и поранешен телевизиски коментатор, објави, со етикетата „светска ексклузива“, дека францускиот интернационалец е незадоволен од ситуацијата во Реал (М).

Според неговите тврдења, Мбапе е и лут и разочаран од одредени работи што се случуваат во „кралскиот клуб“.

Сепак, Гаљардо оди чекор понатаму и тврди дека Мбапе веќе донел одлука да го напушти Реал (М) во летото 2027 година.

Очигледно, челниците на Реал (М) немаат намера да му застанат на патот на Французинот ако тој се држи до таа одлука.

Но, можеби најинтересниот дел од целата информација се однесува на неговата потенцијална нова дестинација.

Гаљардо тврди дека Мбапе треба да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Тој сè уште не открил за кој клуб станува збор, но наводно станува збор за Ливерпул.

„Килијан Мбапе е лут и разочаран од Реал (М). Тој донесе одлука да го напушти клубот во летото 2027 година, а Реал (М) нема да му застане на патот. Неговата следна дестинација е Премиер лигата“, тврди Гаљардо.

На крајот од својата објава, тој беше целосно убеден во информациите што ги објавуваше.

„Крај, бум! А ако не е така, докажете ми дека грешам“, рече Гаљардо.

Ќе биде особено интересно да се види дали Гаљардо ќе го открие името на тимот од Премиер лигата во иднина за кој тврди дека треба да биде следната дестинација на Мбапе.

ИЗДВОЕНИ