Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ѝ се закани на Кина, еден од главните трговски партнери на Соединетите Американски Држави, со царини од 50 проценти на нејзините стоки ако Пекинг ѝ пружи воена помош на Иран во војната на Блискиот Исток, објави „Бета“.
„Доколку бидат фатени дека го прават тоа, ќе бидат погодени со царини од 50 проценти“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“.
Трамп треба да го посети Пекинг од 14 до 15 мај, каде што ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг, откако претходно го одложи состанокот поради војната.












