Светската ракометна федерација (ИХФ) ги соопшти добитниците на двете вајлд – карти покани за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Германија.

Иако во јавноста се очекуваше вајлд-картите да завршат кај некоја од европските селекции како Унгарија, Австрија или Швајцарија, ИХФ донесе поинаква одлука. Последните две места на Мундијалот им беа доделени на „аутсајдерите“, тоа се репрезентациите на Турција и Саудиска Арабија.

Со ова се комплетира списокот на учесници на Светското првенство, а вниманието сега е насочено кон ждрепката за групната фаза. Извлекувањето на групите ќе се одржи денеска во Минхен со почеток во 18:00 часот, кога сите селекции ќе ги дознаат своите противници на Мундијалот.

Македонската репрезентација ќе ја дочека ждрепката од вториот шешир.

 

ИЗДВОЕНИ