вторник, јуни 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Богоев излегува од притвор со гаранција од 55 илјади евра

Богоев излегува од притвор со гаранција од 55 илјади евра

31

Постапувајќи по жалбата на осомничениот Стефан Богоев, Кривичен совет при Основниот суд ја прифати гаранцијата од 55.000 евра што ја понудил и го пушти од притвор.

„ Износот се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Дополнително спрема обвинетиот се определуваат и мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 од ЗКП односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Доколку осомничениот не се придржува на определената мерка на претпазливост, судот може да определи други построги мерки за обезбедување присуство, соопштуваат од Кривичниот суд

ИЗДВОЕНИ