Иднината на Јанис Адетокумбо повторно е една од главните теми во НБА, а сè погласни се шпекулациите дека грчката суперѕвезда би можела да го напушти Милвоки.
Според новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорст, најсериозен кандидат за неговиот потпис во моментов е Мајами. Тој истакна дека Мајами располага со атрактивни ресурси за евентуална размена, вклучувајќи го и Тајлер Хиро, како и вредни избори на драфтот.
Виндхорст додаде дека Хит исполнува голем дел од условите кои би можеле да бидат важни во евентуалните преговори, а посочи и дека Јанис би бил заинтересиран за преселба во Мајами.
Покрај Хит, како можна дестинација накратко беше споменат и Бостон, но засега без поконкретни информации.
Доколку дојде до трансфер, тоа би бил еден од најголемите потези на НБА пазарот во последните години.











