среда, јуни 10, 2026
Дома БАЛКАН ЕУ повеќе нема да биде иста: Идните членки нема да имаат еднакви...

ЕУ повеќе нема да биде иста: Идните членки нема да имаат еднакви права на глас?

0

Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предложија во заеднички документ Европската Унија да размисли за привремено ограничување на правото на глас во некои случаи за идните нови членки на блокот и да се обезбедат повеќе заштитни мерки за да се обезбеди владеењето на правото.

Документот, ги наведува можните опции што би можеле да бидат вклучени во идните договори за пристапување, вклучувајќи нов механизам за следење и заштитна клаузула што би овозможила дејствување во случај на сериозни застои во области како што се демократијата и слободата на медиумите.

„ЕУ треба да има детална дискусија за можноста за привремени, преодни ограничувања на правото на глас за новите земји-членки, особено во делови од законодавството на ЕУ каде што е потребна едногласност“, се вели во документот, истакнувајќи дека одлуките за проширување, надворешна политика и буџетот на ЕУ, исто така, бараат согласност од сите земји-членки.

Кипар, кој го има ротирачкото претседателство со ЕУ, минатата недела објави дека започнал со подготовки за формалното отворање на преговорите за првата група поглавја од преговорите, кои ги опфаќаат владеењето на правото и демократските стандарди, со Украина и Молдавија, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ