четврток, јуни 25, 2026
Дома СВЕТ Путин верува дека украинскиот конфликт е при крај и откри кого од...

Путин верува дека украинскиот конфликт е при крај и откри кого од ЕУ претпочита за разговори

258
EPA/MAXIM SHIPENKOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека верува оти украинскиот конфликт се ближи кон крајот и рече дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само откако ќе се постигне траен мировен договор.

На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека за него поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е попосакувана фигура, објави Ројтерс.

Европските лидери, како што бјави „Фајненшл тајмс“ во четвртокот, се подготвуваат за потенцијални разговори за завршување на војната во Украина. Кремљ минатата недела изјави дека на европските влади останува да го направат првиот потег, бидејќи тие го прекинаа контактот со Москва во 2022 година, откако започна војната во Украина.

Путин, исто така, рече дека Русија разговарала со Кина, Индија и САД за можните последици од провокациите од страна на Киев за време на прославите на Денот на победата, објави РИА Новости.

Тој потсети дека руското Министерство за одбрана претходно предупреди дека, во случај на обид на Киев да ја спречи церемонијата на 9 мај, Москва ќе биде принудена да изврши масовни ракетни напади врз центарот на Киев.

ИЗДВОЕНИ