четврток, ноември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Утре бесплатни прегледи за проверка на простата во „Железничар“

Утре бесплатни прегледи за проверка на простата во „Железничар“

39

Трета година по ред, Здравствениот дом „Железничар“ организира бесплатно ПСЕ тестирање кое се одвива преку земање крв од прст. Годинава, за првпат во оваа иницијатива се вклучени и ранливите групи. Бесплатни тестирања за рак на простата ќе се спроведуваат од утре, 13 ноември во 13 часот и 13 минути. Од Здравствениот дом велат дека бесплатното ПСА-тестирање на машката популација ќе се одвива како поддршка на светското движење „Мовембер“

-Нема земање венска крв , се зима капка крв од прст и со тоа се добива концентрација на простата специфичниот антиген или протеинот кој го излачуваат клетките на простата во крвта. Тоа ни е првичното испитување до дијагнозата ,да дознаеме дали се случува некаква промена на нашето тело во однос на простата или е се во ред. Покачена вредност над 4 нанограми на милилитар не значи дека е нешто страшно, односно дека имаме канцер, тоа можеби значи дека е воспалување на простата , нејзино бенигно зголемување , воспаление на уринарниот систем , инфекција, така што … сето тоа треба да го спречиме и превенираме, вели директорот д-р Спасе Јанев

ИЗДВОЕНИ