четврток, ноември 12, 2026
Дома СВЕТ Кина ги повикува САД да престанат да „измислуваат“ шпионски приказни

Кина ги повикува САД да престанат да „измислуваат“ шпионски приказни

2
EPA/JIM LO SCALZO

Кина ги повика Соединетите Држави да престанат со „измислување на таканаречени шпионски приказни и нивно користење како изговор за воведување технолошка блокада“, изјави портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи.

Таа го изјави ова како одговор на прашање во врска со тврдењата дека жената со која извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, бил во врска, всушност била кинески шпион.

Научниот и технолошкиот напредок на Кина се заснова на независни иновации и отворена соработка, изјави Мао Нинг на редовен брифинг за новинарите, пренесува „Ројтерс“.

Таа додаде дека Кина е подготвена да соработува со САД за спроведување на договорите постигнати од лидерите на двете земји.

ИЗДВОЕНИ