четврток, ноември 12, 2026
Дома СКОПСКА Исчистен и заграден приватниот имот на улицата „Водњанска“

Исчистен и заграден приватниот имот на улицата „Водњанска“

1

Приватниот имот на улицата „Водњанска“ број 54, кој беше претворен во мини депонија, по наредба на инспекциските служби на Општина Центар е исчистен и заграден.

Инспекторите веднаш излегле на терен по реакциите на јавноста.

Од Општина Центар информираат дека на оваа локација било интервенирано во повеќе наврати поради постојано натрупување отпад и смет.

– Со решението, сопственикот е задолжен да си го исчисти просторот и да спречи повторно создавање депонија – велат општинските власти.

Оттаму нагласуваат дека контролите ќе продолжат и апелираат до сопствениците редовно да ги одржуваат своите имоти и да не дозволуваат создавање депонии што ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ