Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека војната во Иран предизвикала глобална енергетска криза и предупреди дека производството на нафта, кое зависи од транспортот преку Ормутскиот теснец, наскоро би можело целосно да престане.
Путин ја повтори подготвеноста на Русија да ја снабдува Европа со нафта и гас. Русија е втор најголем извозник на нафта во светот и има најголеми резерви на природен гас во светот, пишува Хина.
Зборувајќи на состанок со владини претставници и раководители на водечки руски производители на нафта и гас, Путин рече дека Москва е подготвена повторно да соработува, дури и со европски компании и купувачи.












