вторник, септември 29, 2026
Дома СКОПСКА Пукната топловодна цевка ја поплави зградата на поранешна „Нова Македонија“

Пукната топловодна цевка ја поплави зградата на поранешна „Нова Македонија“

1

Пукната топловодна цевка во понеделникот вечерта предизвика поплава во зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата, Ивица Томовски, под чии ингеренции е зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“, истакна дека топловодната цевка се наоѓала на вториот кат, по што веднаш реагирало обезбедувањето на Министерството за внатрешни работи. Уште тогаш била исклучена струјата и екипите од СОЗР веднаш почнале со санирањето.

– Се активираа агрегатите, но целосната функција ќе се врати веднаш штом се санира влагата и се приклучи струјата за која треба да  добиеме позитивно мислење од ЕВН. Ризично е, бидејќи водата течела низ инсталациите за струја – изјави Томовски.

Тој потенцираше дека за нормално функционирање, сигурно ќе бидат потребни пет-шест дена.

Во зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“ се сместени Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа, Министерството за јавна администрација, Државниот просветен инспекторат, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Управата за водење на матичните книги.

Засега нема информации колкава материјална штета е предизвикана од поплавувањето.

 

ИЗДВОЕНИ