четврток, ноември 12, 2026
Дома РАЗНО Македонија ја посетиле над 136 илјади гости, најбројни Турците

Македонија ја посетиле над 136 илјади гости, најбројни Турците

0

Вкупно 136.305 туристи ја посетиле Македонија во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски гости. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти се однесуваат на домашните туристи, додека 66,2 проценти на странските.

Најбројни меѓу странските гости во септември биле туристите од Турција, од каде што пристигнале 27.933 посетители. На второ место се туристите од Србија со 8.358, по нив следуваат гостите од Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Во периодот од јануари до септември 2026 година, вкупниот број туристи во земјава е зголемен за 3 проценти во споредба со истиот период минатата година. Раст е забележан и кај домашните и кај странските гости – бројот на домашните туристи е зголемен за 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти.

ИЗДВОЕНИ