На изборите за градоначалник на Љубљана ќе има втор круг, што е необично затоа што такво нешто не се случило во последните 24 години. Независниот кандидат Зоран Јанковиќ, кој во шест мандати ја раководи Љубљана, уште од 2002 година, првпат ќе мора да оди во втор круг за да ја освои функцијата. Досега секогаш победуваше во првиот круг.
Во Љубљана извонреден успех постигна Левица со нејзиниот кандидат Лука Месец, кој ќе му се спротивстави на Јанковиќ во вториот круг. Според досега преброените гласови, Зоран Јанковиќ освоил 34,89 отсто од гласовите, додека Лука Месец добил 25,89 отсто.
Месец го оцени успехот на Левица на изборите како доказ дека партијата го зајакнува своето присуство и надвор од државно ниво, а како први задачи на евентуалната нова градска власт ги издвои развојот на градските населби, решавањето на станбените прашања, сообраќајот и подобрувањето на пристапноста до јавните услуги.












