Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара одговорност за случајот со 26-годишната Сара, која беше претепана во Охрид. Тој изрази згрозеност од насилството, но и од сведоштвото на мајката на девојката дека имало обид случајот да се заташка поради наводни врски со ВМРО.
Филипче упати поддршка до Сара и нејзиното семејство, посочувајќи дека девојката заслужува сигурност, заштита и мирно закрепнување.
Во својата реакција, тој праша до кога ќе има неказнивост за насилниците, заштита на сторителите и институционални пропусти.
„Барам одговорност за секој што извршил, помогнал или го прикривал насилството. Нема да отстапиме пред насилството и неказнивоста. Пред нас е борба со мафијата. Бандата ќе одговара“, порача Филипче.












