Делегациите на Соединетите Американски Држави и Иран ја завршија првата рунда разговори во Исламабад, додека продолжението на разговорите се очекува наскоро.
Првата рунда разговори меѓу делегациите на Соединетите Американски Држави и Иран заврши денес во Исламабад по нешто помалку од два часа, а се очекува разговорите да продолжат по паузата за ручек, објави „Ал Џезира“.
За време на првата рунда, двете страни презентираа максималистички позиции, без никакво значително приближување на позициите, но сепак беше постигнат одреден напредок по некои клучни прашања.
Според извештаите, разговорите се фокусирале особено на израелските напади врз Либан, одмрзнувањето на иранските средства и прашањето за отворање на Ормутскиот теснец.
Разговорите во Исламабад имаат за цел постигнување трајно мирно решение, откако претходно беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот.












