недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ Првата рунда разговори Иран-САД во Швајцарија заврши: Џ.Д. Венс открива детали од...

Првата рунда разговори Иран-САД во Швајцарија заврши: Џ.Д. Венс открива детали од разговорите

27
Фото:EPA/JIM LO SCALZO

Првата рунда разговори Иран-САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим за „Ројтерс“.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во разговорите за Блискиот Исток, вклучително и за ситуацијата во Либан, како и разговорите меѓу САД и Иран.

Зборувајќи во Биргеншток, швајцарско планинско одморалиште каде што се водат преговори со Иран за поширок договор за Блискиот Исток, Венс рече дека САД се во „историски момент“ и дека разговорите, кои ги посредуваат претставници на Пакистан и Катар, имаат за цел „трансформација на Блискиот Исток“ и трајно подобрување на односите со Иран.

„Претседателот Доналд Трамп ни нареди да свртиме нова страница и да го промениме нашиот однос со народот на Иран“, рече Венс, објави „Си-би-ес“.

Венс рече дека целта на американската администрација е да ја користи дипломатијата за да обезбеди стабилност во регионот и да овозможи заедничка работа за „мир и просперитет“.

Американските и иранските преговарачи одржаа трилатерален состанок со катарските медијатори како дел од разговорите во Швајцарија, изјавија за Ројтерс официјални лица запознаени со ситуацијата, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ