петок, септември 25, 2026
Дома СКОПСКА Прва атлетска трка во Илинден в недела – се воведува посебен сообраќаен...

Прва атлетска трка во Илинден в недела – се воведува посебен сообраќаен режим

12

В недела, во општина Илинден, ќе се одржи првата улична атлетска трка „Илинден лајф ран“. Настанот е најавен со почеток во 08:00 часот, во организација на Атлетскиот клуб „Скопски маратон“, а покровител е Општина Илинден.

Овој спортски настан е посветен на промоција на  спортот, рекреацијата и здравите животни навики. Програмата започнува со трката на пет километри, во 09:00 часот е почетокот на 10 километри и штафетата 2×5 километри, додека во 10:00 часот се предвидени детските трки на 100, 200, 400 и 600 метри, а за најуспешните учесници и екипи се предвидени пехари и медали.

Трката ќе започне од улицата „9“, пред Домот на културата во Илинден, по што учесниците ќе продолжат по улиците „534“ во населба Илинден, „532“ во село Марино и „10“ во село Кадино. На кружниот тек во Кадино трасата ќе продолжи со полукружно враќање по истите улици, односно по улиците „10“, „532“, „534“ и „9“. Потоа учесниците ќе продолжат по улицата „2“ до Домот за стари лица, каде повторно ќе има полукружно враќање по улицата „2“ до целта пред Домот на културата на улицата „9“.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат  дека поради трката ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

– Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим, при што возилата ќе се пренасочуваат по околните сообраќајници – соопштија од МВР. Притоа, апелираат до граѓаните и до возачите да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива атлетската трка.

 

ИЗДВОЕНИ