петок, јули 10, 2026
Дома СКОПСКА Промовирана едукативна боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во Кисела Вода

Промовирана едукативна боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во Кисела Вода

26

Во градинката „8 Март“ во Расадник, денеска беше промовирана новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во Општина Кисела Вода.

Од Општина Кисела Вода велат дека преку овој проект, дечињата ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости, како што се излетничкото место Три Круши, Домот на културата, Паркот на шахот, рекреативниот центар Пеленица и многу други препознатливи локалитети.

– Го иницирав овој проект водена од идејата дека уште од најрана возраст треба да им ги доближиме знаменитостите и културата на нивното родно место. Идејата доби одлична реализација преку работата на Одделението за предучилишно воспитание при Општина Кисела Вода. Боенката ќе биде поделена на сите дечиња од големите групи во сите градинки низ нашата општина. Преку креативност и игра, тие ја развиваат својата моторика, но и учат да ја сакаат својата Кисела Вода – истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ