среда, октомври 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОЈО: Се расчистуваат двата случаи на насилна смрт во Ѓорче, се собираат...

ОЈО: Се расчистуваат двата случаи на насилна смрт во Ѓорче, се собираат докази и се испрашуваат лица

355

По двата случаи на насилна смрт во населбата Ѓорче Петров, врз 62 годишен маж и 76 годишната жена , од Обвинителството за весникот Вечер велат дека според нивните сознанија се повикале неколку лица на разговор во полициска станица и не упатија за повеќе информации да се обратиме во МВР.

„Постапката е во фаза на собирање докази, не можеме ниту да споделиме наоди од обдукција ниту дали станува збор за убиство од користољубие. Не можеме да ги поврземе случаите на смрт бидејќи нема сеуште осомничено лице, велат од ОЈО.

Веќе втор ден од МВР не споделуваат информации дали станува збор за поврзаност на двата кривично-правни случаи. Жената според неофицијалните информации била насилно убиена при разбојништво. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ