Детскиот културен центар „Карпош“, во соработка со скопската Зоолошка градина, утре ќе организира промоција на новото издание на „Зооприказни“.
Промоцијата ќе се одржи во Едукативниот центар на Зоолошката градина, со почеток во 11:00 часот.
– Ве очекуваме на едно интересно и едукативно дружење со најмладите – повикуваат од Зоолошката.












