понеделник, септември 28, 2026
Дома СВЕТ Шефицата на европската дипломатија предупреди: Русија планира нови саботажи низ Европа

Шефицата на европската дипломатија предупреди: Русија планира нови саботажи низ Европа

1

Разузнавачките извештаи укажуваат на непосредни руски саботажни операции и хибридни напади насочени кон европските демократии, предупреди во понеделникот шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас. Таа го кажа ова зборувајќи во Брисел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, односно на Советот за надворешни работи во формат посветен на одбраната. Калас нагласи дека стратегијата на Москва има за цел да посее општествена поделба и да ги заплаши европските нации за да ја потиснат поддршката за Украина.

– Мораме да останеме будни бидејќи разузнавачките информации укажуваат дека Русија планира понатамошни саботажи и напади врз нашата демократија, рече Калас.

Таа изјави дека ЕУ веќе направила многу за зајакнување на одбраната и дека инвестициите се зголемиле, но предупреди дека сè уште има големи празнини во одбранбените капацитети, па сега сите треба да се фокусираат на тоа како да се пополнат.

Калас, исто така, најави разговори за ситуацијата на Блискиот Исток, особено за поморските операции на ЕУ во регионот. Таа истакна дека Мисијата за заштита на бродовите на Црвеното Море, позната како Аспидес, има потреба од повеќе бродови за да биде целосно оперативна. Додаде дека побарала од земјите членки поголем придонес во таа мисија, но дека сè уште не добила нови цврсти обврски. Како што наведе, потребата за придружба на бродови е поголема од кога било, поради што на ЕУ ѝ се потребни дополнителни поморски ресурси.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ