На 21 март, на Самот на книга во Лајпциг ќе се одржи промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот „ETA Verlag“ од Берлин.
Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги „Традуки“, а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води германскиот новинар Ерик Мар.

Романот „Одбројување“, во издание на „Или-Или“, е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година и досега има три изданија.
Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: Пишувајќи ги изгубените топки, Вишнова хроника, Одбројување (Роман на годината 2017), На враќање, Сè уште можам нешто да сторам (Рациново признание 2024) и Кривата Дијана (награда Пегаз 2025).












