Дури и денес, долго по неговата играчка кариера, страста за победа на легендарниот американски кошаркар, Мајкл Џордан, не избледела. Џордан сè уште ги слави победите како што своевремено тоа го правеше во дресот на Чикаго Булс, со кој влезе во книгите на бесмртниците.

  • Се радувам на натпреварите, јас сум натпреварувачка личност, сто проценти. Мислам дека сум проколнат со натпреварувачкиот ген. Така ми е во секојдневието. Дури, морам да бидам побрз и во облекувањето во однос на мојата сопруга, морам да бидам пред неа, ја искажа својата „мана“ легендарниот Џордан.

За многумина, најдобриот кошаркар на сите времиња е сопственик на НАСКАР тимот „23XI“. Тој признава дека трките со автомобили се негов начин да го храни натпреварувачкиот ген во овој период од неговиот живот. Тој ја стекнал оваа карактерна особина, како и неговата страст за трките со автомобили, уште од млада возраст.

  • Тоа има врска со моето семејство. Татко ми беше механичар и поправаше автомобили за целото соседство. Обожаваше да вози брзо, исто како мајка ми. Јас никогаш не возам брзо, но возачите мора да размислуваат многу брзо. И тоа е она што ме привлече кон овој спорт. Не се разбудив еден ден и не помислив: „Одам во НАСКАР“. Долго време бев обожавател, но бев фокусиран на она што го правев, кошарката. Сега, кога сум тука, разбирам како функционираат работите. И тие функционираа лошо. Тоа беше спорт кој не беше форматиран за успех, објасни легендарниот кошаркар.

Џордан никогаш немал никакви илузии дека може да вози трка, знаеше дека тоа не е физички можно, зашто не можеше да се смести во автомобил. Затоа решил да биде дел од оваа приказна како сопственик на тим. Она што најмногу му се допаѓа кај овој спорт, вели тој, е блискоста со луѓето, но уште повеќе од тоа, фактот дека е нешто ново за него, дека веќе не е во кошарката каде што го носи огромниот товар на славата што често го оптоварува.

  • Кога реков дека сакам да се повлечам од кошарката, сакав да го напуштам спортот и она што го претставував на тој теренолт. Станав гигант во кошарката и тоа ми стана товар. Не сум на исто ниво тука и тоа е нешто што ме одржува во живот. Тоа беше товарот на живеење на одреден начин, обидот да одржам нешто што многу луѓе го очекуваа. И секако, дојде момент кога помислив: „Уморен сум“, вели поранешниот кошаркар.

Сепак, Џордан призна дека сè уште му недостига она што го направи легенда на спортот, неговата сакана кошарка.

  • Сто проценти ми недостига. Не е само малку, многу. Но, се обидов малку да го надоместам тоа преку НАСКАР. Би сакал сè уште да можам да земам кошаркарска топка, би ми се допаднало тоа, заврши Џордан.

ИЗДВОЕНИ