сабота, септември 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА “ЖУРКАТА“ ЗАВРШИ СО ЛИСИЦИ: Петмина приведени во Галичник, полицијата најде дрога во...

“ЖУРКАТА“ ЗАВРШИ СО ЛИСИЦИ: Петмина приведени во Галичник, полицијата најде дрога во шаторите

0

Пет лица од Скопје и Куманово се лишени од слобода во полициска акција во Галичник, откако при претрес на шаторите во кои престојувале биле пронајдени повеќе видови материја и таблети за кои постои сомнение дека станува збор за наркотични средства.

Акцијата била спроведена синоќа, од 19:20 до 20:45 часот, на местото викано „Стопанче“ во село Галичник. Полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Маврово ги привеле А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44), сите од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претресите во шаторите, полицијата пронашла и одзела повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Петмината се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ