Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) денес објави дека во неколку координирани операции нападнала американски и израелски воени цели во регионот, вклучувајќи го и носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во северниот Индиски Океан, принудувајќи го да се повлече од претходната позиција и да се засолни во длабочините на океанот, како и американските бази во Заливот, со, како што тврдат, значителни загуби за непријателските сили.
Според официјалното соопштение, нападите вклучувале комбинација од балистички и крстосувачки ракети, како и самоубиствени беспилотни летала, а целите вклучувале радарски системи, бродови и складишта на воена опрема, објави Тасним.
Покрај тоа, иранските сили тврдат дека слични операции во Обединетите Арапски Емирати уништиле американски воени бази и тајни центри, при што наводно се убиени 37 американски офицери.
Раководството на Револуционерната гарда нагласи дека контролата врз Ормутскиот теснец е цврсто во нивни раце и дека нема да го отворат како одговор на она што го нарекуваат „американски закани и провокации“.
Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во она што го нарекуваат „превентивни напади“, кои дојдоа откако неколку рунди разговори за нуклеарната програма на Иран не успеаја.
Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ целиот Блиски Исток.
Situation of US aircraft carrier USS Abraham Lincoln after Iran’s attack. pic.twitter.com/lhNp98k2bi
— The Scoop (@TheScoop_1) April 1, 2026












