Скопската Зоолошка градина започна проект за урбано зазеленување и еколошко унапредување на скопската зоолошка градина, со цел создавање уште поубав, позелен и поодржлив простор за животните, посетителите и на целиот град.
Проектот се реализира во рамките на официјалната работна посета на скопската Зоолошка градина на Ролф Дитер Варнеке и Харалд Хајлман од градот Бон, Германија, град партнер на Град Скопје.
Од скопската ЗОО наведуваат дека за време на посетата која била во периодот од 10 до 12 јуни 2026 година, биле разгледани проектните активности, можностите за понатамошна соработка, како и следните чекори потребни за успешна реализација на планираните иницијативи.
– Веруваме дека преку вакви партнерства и заеднички проекти, ЗОО Скопје продолжува да се развива како современа, одговорна и еколошки ориентирана институција – оценуваат од Управата на оваа институција.












