Без одобрување на Агенцијата за храна и ветеринарство и од страна на неквалификувани лица, заловени се и дислоцирани улични кучиња. Оваа активност од АХВ е оценета како неовластена и поради тоа од Агенцијата изрекле парична казна од 2.100 евра во денарска противвредност (1.500 за општинта и 600 евра за градоначалникот).
– По спроведен вонреден инспекциски надзор АХВ донесе и ново решение, по издаденото во ноември 2025 година, за забрана за спроведување на ваков тип неовластени активности. Во соработка со Министерството за внатрешни работи е утврдено дека возилото со кое се заловувале и дислоцирале бездомните кучиња, е истотото возило со кое и претходно се вршеле ваков тип недозволени активности, но, сега со променета регистарска табличка. Вонредната контрола е спроведена по дојава на граѓани и доставени фотографии и видео докази до АХВ за неовластено заловување и дислоцирање на бездомни кучиња од страна на Општина Гостивар – информираа од АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на инспекциски надзори за почитување на одредбите од Законот за заштита и благосостојба, во врска со заловувањето и третаманот на бездомните животни.












