Делегација од Општина Берово, заедно со претставници на ТППЕ Берово, се во официјална посета на Општина Кумровец, Република Хрватска, каде што присуствуваат на свеченото одбележување на 75-годишнината од основањето на Доброволното противпожарно друштво (ДВД) Кумровец.
– Посетата е можност за размена на искуства и натамошно унапредување на соработката во областа на противпожарната заштита, како и за зајакнување на партнерските односи меѓу Општина Берово и Општина Кумровец – соопштија од локалната самоуправа, додавајќи дека особено значајна е соработката меѓу пожарникарските служби, преку размена на знаења, искуства и добри практики.










