понеделник, август 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен стружанец за инцидент на прославата за Илинден во Ташмаруништа

Приведен стружанец за инцидент на прославата за Илинден во Ташмаруништа

43

На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „ Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката.

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ