четврток, јули 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен осумнаесетгодишник кој дивеел со 211 километри на час на автопатот Скопје...

Приведен осумнаесетгодишник кој дивеел со 211 километри на час на автопатот Скопје – Тетово

0

Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР.

-Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека при сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А.(18), како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час.

Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

ИЗДВОЕНИ