четврток, јули 23, 2026
Дома СВЕТ Објавена снимка од заложничката драма во германската банка: Младич уби вработен со...

Објавена снимка од заложничката драма во германската банка: Младич уби вработен со нож/ВИДЕО

0

Полицијата во Регенсбург уапси маж кој во четвртокот упадна во банка и со нож уби вработен.

Напаѓачот е 20-годишен германски државјанин, но неговите мотиви остануваат непознати, соопшти полицијата во овој баварски град.

Во четвртокот попладне, тој упадна во експозитура на „HypoVereinsbank“ и со нож тешко повреди еден вработен. Жртвата беше пренесена во болница со смртоносни повреди и подоцна почина.

Полициските службеници го изведоа напаѓачот од банката, ставајќи крај на заложничката драма што траеше неколку часа, објави порталот „Passauer Neue Presse“. Од експозитурата беа изведени и две други лица, соопшти полицијата на платформата X.

Полицијата спроведува истрага за убиство и грабеж.

Заложничка криза во банка во Германија: Eдно лице рането при напад со нож

ИЗДВОЕНИ