Полицијата во Прилеп вечерва уапси обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола.
Од МВР потврдија дека приведувањето е заради постапувањето околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.
„Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК во моментов врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела“ велат од МВР.











