Кривичниот суд во Скопје одреди 30-дневен притвор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, како и за уште две лица, во рамки на истрагата за наводна проневера на повеќе од 180 милиони денари.
Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Судот дополнително ќе одлучува за мерките против пет лица кои во моментот се недостапни за органите на прогонот.
Во акцијата на Обвинителството за организиран криминал и корупција опфатени се 18 лица од кои 12 се приведени. Од 12-те приведени, Обвинителството бараше притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица. Тие се сомничат за проневера на повеќе од 180 милиони денари во ФФМ.












