вторник, август 4, 2026
Дома СВЕТ Кошта: ЕУ не бара посредничка улога во војната во Украина

Кошта: ЕУ не бара посредничка улога во војната во Украина

160

Европската Унија нема намера да посредува во мировните преговори за завршување на војната во Украина, бидејќи е на страната на Киев, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта на прес-конференција по самитот на лидерите на Европската Унија изјави дека „нема веродостојни знаци“ дека Русија сака да се вклучи во сериозни преговори за постигнување мир во Украина.

„Она што го правам преку мојата канцеларија е да воспоставам дипломатски канал, бидејќи не можеме да се потпреме само на другите да ги толкуваат руските пораки, а ние треба да можеме да ги пренесеме нашите сопствени пораки до Русија“, заклучи Кошта, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ