петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Притвор за четворица државјани на Турција по напад врз доставувач во Скопје

Притвор за четворица државјани на Турција по напад врз доставувач во Скопје

92

Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.

По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Скопје на 25 мај во 01:30 часот ги привеле О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција.

Од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против осомничените е поднесена соодветна кривична пријава, а судија на претходна постапка им изрекол мерка притвор.

ИЗДВОЕНИ