Неколку лица загинаа во тешка несреќа во Бугенхаут, Белгија, откако воз и училишен минибус се судрија на железнички премин, објавија локалните медиуми. Според белгиската телевизија VRT, во чилишниот автобус се превезувале седум деца, придружник и возачот. Несреќата се случила на патен премин во градот Бугенхаут.
Според белгиските медиуми, возот бил на околу еден километар од станицата и веќе почнал да забавува во моментот на несреќата.
Во 8:08 часот автобусот влегол на железничкиот премин, иако рампите биле спуштени, а семафорот покажувал црвено светло, што наводно се гледа и на снимките од надзорните камери.
„Не знаеме како можело да дојде до несреќата“, соопштиле надлежните, додавајќи дека истрагата е во тек.
Бројот на загинати и повредени засега не е официјално потврден.
По несреќата, околу 100 патници кои се наоѓале во возот биле веднаш евакуирани и на истите им била укажана соодветна медицинска помош. Во школскиот автобус во моментот на судирот имало седум деца и еден возрасен.
Истрагата за утврдување на сите причини за оваа голема трагедија е во тек.












