По повод големиот јубилеј – 100 години постоење, скопската Зоолошка градина се збогати со нови, интересни и прекрасни жители.
Станува збор за патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и за лебеди, кои доѓаат од Зоолошката градина во Врњачка Бања.

Од скопската Зоолошка градина информираат дека новите жители моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор, со цел безбедно да се приспособат на новата средина.

Оттаму додаваат дека наскоро посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и да уживаат во нивната убавина.

– Продолжуваме да го збогатуваме животинскиот свет и да се однесуваме кон него со многу љубов и со посветеност – потенцираат од Зоолошката градина.













