Припадникот на српските вооружени сили, виш водник Милован Јовановиќ (36), почина од последиците од повредите здобиени откако ракета паднала врз базата на Обединетите нации (ОН) во Либан, каде што бил ангажиран како дел од мировна мисија, соопшти српското Министерство за одбрана.
На постариот водник Милован Јовановиќ му била укажана итна медицинска помош во болницата во базата откако бил ранет, а потоа префрлен со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 4 часот наутро по локално време, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Во нападот се повредени уште двајца припадници на меѓународните сили – еден од вооружените сили на Република Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија.
Јовановиќ бил роден на 6 јуни 1989 година во Краљево. Зад себе остави сопруга и двете малолетни деца. Служел во српските вооружени сили од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година.












