сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пријавен пожар во куќа во скопската населба Злокуќани

Пријавен пожар во куќа во скопската населба Злокуќани

158

Вечерва по 20 часот, на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во куќа на улица „Скупи“ во скопската населба Злокуќани, Општина Карпош.

По пријавата, од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Дежурниот-оперативен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) е побарано да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да се овозможи интервенција на противпожарните екипи.

Според неофицијални сознанија, од пожарот се зафатени дополнителни три куќи. Екипите на Противпожарната бригада се на терен и работат на гаснење на пожарот.

Засега нема информации за евентуални настрадани или повредени лица.

ИЗДВОЕНИ