На големата сцена на Народниот театар Битола, на 25 јуни (20:00 часот), премиерно ќе се одржи претставата „Госпоѓа Бовари“, според романот на Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски.

„Госпоѓа Бовари“ е драмска приказна за желбите, илузиите и за разочарувањата на Ема Бовари, жена што во потрагата по љубов, среќа и исполнет живот се соочува со судирот меѓу своите соништа и реалноста.

Авторскиот тим го сочинуваат: асистентот на режија Андреј Цветановски, драматургот Сашо Димовски, сценографот Валентин Светозарев, костимографот Андреј Ѓоргиевски, кореографката Олга Панго, композиторот Горан Трајкоски, видеодизајнерот Сергеј Светозарев, светло-мајсторот Игор Мицевски, тон-мајсторот Александар Димовски, видеооператорот Владимир Переловски, инспициентот Оливер Петровски и суфлерката Гордана Михајловска.

Во претставата играат: Маја Андоновска-Илијевски (Ема), Иван Јерчиќ (Шарл), Огнен Дранговски (Родолф), Никола Стефанов (Леон), Мартин Мирчевски (Лере), Сандра Грибовска-Илиевска (Слугинката), Петар Мирчевски (Свештеникот), Борче Ѓаковски (Исус Христос) и Ива Лазарова (Ќерката на Ема и Шарл). Учествува и НУ Камерен оркестар Битола.

ИЗДВОЕНИ