Познати резултатите од обдукцијата на Џин Хекман и Бетси Аракава: ​Сопругата починала една недела пред актерот – нема индиции за насилна смрт

2490

Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом кон крајот на февруари, а инспекторите сега конечно ја открија причината за нивната смрт.

Инспекторите свикаа прес-конференција денеска за да ја информираат јавноста за околностите околу смртта на актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава.

Според резултатите од обдукцијата, лекарката Хедер Џерел известила дека сопругата на Хекман починала од пулмонален синдром на хантавирус. Немало знаци на насилна смрт, а инспекторите заклучија дека Бетси починала од природна смрт. Инспекторите рекоа дека Бетси најверојатно починала на 11 февруари, пренесува 24sata.

Лекарката исто така рече дека Хакман има напреднато Алцхајмерова болест и дека починал од срцеви заболувања. Таа изјавила дека не може со сигурност да се одреди точниот датум на неговата смрт, но дека неговиот пејсмејкер ја забележал последната срцева активност на 18 февруари.

Истражителите објавија дека не пронашле докази што би укажувале на насилна смрт.

Хантавирусот или треската на глувците е болест која се пренесува од животно на човек, но не и од човек на човек. Докторката Ерин Фипс рече дека во изминатите 50 години имало 136 случаи на треска на глувци во државата Ново Мексико и дека во 42 отсто од случаите болеста предизвикала смрт. Глувчешката треска се пренесува преку урина, измет или плунка на глувчето.

Истражувачите пронајдоа траги од глувци во домаќинството, а Фипс рече дека постои шанса Бетси да се заразила во нејзиниот дом.

Лекарката Хедер Џерел рече дека Џин Хекман живеел во куќата со својата мртва сопруга и дека поради напредната деменција можеби не бил свесен дека неговата сопруга починала. Рекла и дека не јадел, но дека на неговото тело не нашле знаци на дехидрација.

Заедно со телата на Хекман и неговата сопруга, пронајдено е и телото на нивното куче, чија причина за смртта се уште се истражува.

Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза рече дека истрагата е сè уште отворена додека не се разјаснат сите околности, вклучително и смртта на кучето.

ИЗДВОЕНИ