вторник, ноември 10, 2026
Дома СКОПСКА Хигиенски влошки, влажни марамчиња, пелени… ги затнуваат цевките

Хигиенски влошки, влажни марамчиња, пелени… ги затнуваат цевките

1

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ секојдневно интервенираат на терен и отстрануваат влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, јамболлии и друг несоодветен отпад од канализациската мрежа.

Од претпријатието велат дека фрлањето вакви материјали во канализацијата предизвикува затнување на цевките и на шахтите, го отежнува протокот и го нарушува нормалното функционирање на системот. Притоа, апелираат до граѓаните да не фрлаат отпад во канализациските шахти.

– Фрлајте ги влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и другиот отпад во кантите за отпадоци – порачуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

ИЗДВОЕНИ