Од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ известуваат дека од вчера до 24.05.2026 година на територијата на општина Гази Бабаќе се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад. Тие се наоѓаат во: Стајковци, Црешево, Смилковци, Виниче, Брњарци, Булачани и Раштак.
Од претпријатието апелираат дл до граѓаните кабастиот отпад да го одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел, како што велат да имаме чиста, уредна и здрава животна средина.












