Се очекува аеродромот во Истанбул утре да види рекорден број патници и летови во историјата на аеродромот, објави денес операторот на аеродромот IGA.
Според операторот, на последниот ден од празникот Курбан Бајрам, 31 мај, се очекува да бидат реализирани 1.748 летови и да патуваат повеќе од 289.000 патници, јавува агенцијата Анадолу.
Аеродромот во Истанбул го постави својот претходен рекорд по број на дневни летови на 18 јули 2025 година, со 1.707 летови, додека рекордот по број на патници беше поставен на 2 август истата година, кога низ аеродромот поминале 284.527 патници, пренесува „Танјуг“.












