Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, има нов тренерски ангажман. Македонскиот стратег официјално е назначен за нов тренер на Влазними од Ѓаковица, потврдија од косовскиот клуб. Во кариерата, Јончевски работеше во повеќе клубови во Македонија, Србија, Полска и во Унгарија. Беше тренер на МЗТ Скопје, Кожув, Гостивар и на Работнички, а работеше и во Спартак Суботица, Сласк Вроцлав и во Атомерому.

Од Влазними особено го истакнаа неговото искуство со македонската репрезентација, каде што прво беше дел од стручниот штаб, а потоа и селектор.

Со МЗТ Скопје, ги освои шампионската титула и Купот на Македонија.

  • Јончевски носи во Ѓаковица долгогодишно искуство од меѓународната кошарка – порачаа од Влазними.

Интересно е што македонскиот тренер веќе има работено во Косово, каде што беше дел од Трепча.

ИЗДВОЕНИ