Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со големиот ремонт на тимот за новата сезона. Битолчани го промовираа седмото ново име, станува збор за 24-годишниот македонски кошаркар Лука Савичевиќ. Тој пристигнува во Битола од Феникс, каде што настапуваше во вториот дел од минатата сезона. Претходно играше во шпанската кошаркарска академија СБА, а има и искуство од американската НЦАА-лига, каде што настапуваше за Источен Мичиген и за Лафајет.

Новиот тренер Тане Спасев и раководството на Пелистер досега ангажираа уште шестмина кошаркари. Покрај браќата Благој и Бојан Димитриев, зелено-белиот дрес го облекоа и Виктор Златевски, Иван Сапунџиев и Коста Кириловски.

Пелистер досега ангажираше и двајца американски кошаркари – Алонзо Едвард Денинг и Камрон Мекдауел.

Со седум нови имиња, битолскиот клуб, очигледно, гради целосно нов тим за следната сезона.

ИЗДВОЕНИ